Само што пристигнаа хеликоптерите се повлечени од Пехчево


Три српски и два хеликоптери на АРМ кои требаше да го гасат пожарот во Пехчевско се повлечени поради високите температури во воздухот. Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил.

Хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.

Безбедноста на посадата на воздухопловите како и безбедноста на луѓето на земја на прво место!, напиша тој.

29060043_2016680208590936_36926234558838