ВО СКОПЈЕ СЕ ГРАДИ: Центар за странци или камп за мигранти? Надлежните кријат граѓаните протестираат


Дел од Скопје блокиран, граѓаните бараат објаснување дали се гради Центар за странци или камп за мигранти во Бардовци.


Надлежните се уште кријат, додека на терен забрзано се гради, со бројна механизација.


Граѓаните обвинуваат дека власта го гради објектот тајно и со криење од мештаните и останатите граѓани и медиуми. Локалната власт прво негираше дека нешто се гради, па откако ги испративме фотографиите градоначалникот, сега градбата продолжува во тајност и во ноќните часови.


Според неофицијални информации, се планира камп за 2-3 илјади луѓе кои ќе се стационираат.


Мештаните велат дека блокадите ќе продолжат и во наредниот период, се до откажување на локалната власт од намерите за изградба на ваков камп во непосредна близина на населеното место.


29060043_2016680208590936_36926234558838