Почина Мирослав Лазански

Амбасадорот на Србија во Русија Мирослав Лазански починал ненадејно во 71. година, потврдија за агенцијата ФоНет од Министерството за надворешни работи, објавија српските медиуми. Лазански беше писател, новинар и воено-политички коментатор. Беше роден на 18 септември 1950 година во Карловац.

Напиша седум книги и автор е на десетина телевизиски серијали.

Известуваше од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, Либан, ирачко-иранскиот судир, потоа за време на операцијата Пустинска бура, за војните во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово и Метохија, Либија.

Беше именуван за амбасадор на Србија воо Москва во јули 2019 година. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати телеграма со сочувство до семејството на Мирослав Лазански.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838