Наставничкиот пленум со писмо до Царовска: Ќе има бојкот на наставата од септември


Наставничкиот пленум со писма до министерката Мила Царовска и до синдикатите СОНК и НСОН, соопшти дека бара зголемување на платите на наставниците во основното и во средното образование. Во спротивно планира бојкот на наставата од почетокот на новата учебна година ако тоа не биде обезбедено.


„На ова барање се повикуваме како резултат на растот на цените на производите кои се користат во секојдневниот живот, како и на растот на просечната плата која е многу повисока од платите на вработените во образование. Во спротивно, ние наставниците од Наставнички пленум би биле приморани да се организираме и да го покажеме јавно незадоволството“, наведува Пленумот во барањето до Царовска.


29060043_2016680208590936_36926234558838