ДЕЛЕГАЦИЈА НА ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА - ЗА ИЛИНДЕН ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ВО ЦАПАРИ, ТРНОВО И ВО ХРАМОТ „СВ НЕДЕЛА“


Во организација на матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, делегација на ВМРО ДПМНЕ во состав Пеце Милевски претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, пратеничките во собранието Ане Лашкоска и Лидија Петкоска присуствуваа на СЕМАКЕДОНСКАТА СРЕДБА во с.Трново.

Исто делегација на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола, УВ, УЖ, УМС и членови на советот од општина Битола положија свежи цвеќиња по повод големиот македонски празник Илинден во Битола, пред Споменикот на илинденците, во Храмот „Света Недела“ и пред споменикот на двата Илиндени, кај Центарот за култура.

Делегација предводена од Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА, и Унија на ветерани и Унија на жени, денес по повод најголем македонски празник Илинден положија свежо цвеќе пред споменикот со с.Цапари.


За време на Илинденското востание, жителите на село Цапари активно се вклучиле во вооружените борби против турските власти. Заедно со селата Ѓавато и Смилево тука било јадрото на востанието во битолско.


Село Цапари во востанието изгубило 96 востаници, чии што имиња се испишани на споменикот кој денес е сместен во центарот на селото. На споменикот исто така се испишани и имињата на 16 борци кои ги дале своите животи.

29060043_2016680208590936_36926234558838