Свирежи ги дочекаа „Фрајле“ во Охрид, организаторот им рекол да почнат час и половина подоцна


Атрактивните новосаѓанки објаснија зошто толку доцнел почетокот на концертот, а нешто помалку доцнеше и концертот на Бајага и инструктори што се одржа завчера


Свирежи ги пречекаа популарните „Фрајле“ пред почетокот на нивниот концерт вчера во Античкиот театар во Охрид. Причината за незадоволството на околу 3.000 посетители во жешката вечер беше невообичаеното долго доцнење на концертот. Иако на влезниците пишуваше дека почетокот е во 21 часот, грациозните пејачки од Нови Сад, почнаа да пеат дури во 22.35 часот. Симпатичните пејачки, ни криви ни должни, мораа да објаснат зошто доцнел концертот за да ја смират незадоволната, жедна и нестрплива публика, која се измори чекајќи уште пред да почне свирката. Фото: Screenshot– Ние многу го сакаме Охрид, ве сакаме и вас, но за доцнењето на концертот не сме виновни ние, туку организаторот. Иако патувавме 15 часа од Сараево за да бидеме навреме во Охрид за концертот и стасавме во 17 часот, организаторот ни рече дека да почнеме во 22.30 часот, иако на вашите влезници пишува дека почетокот на концертот е 21 часот. Но тоа нема да нè спречи вечерва добро да се забавуваме – објаснија „Фрајле“ зошто доцнел почетокот на концертот повеќе од еден ипол час. Концертот потоа мина во најдобар ред, публиката се забавуваше и уживаше до долго во ноќта. Цената на влезниците беше 600 денари.

Нешто пократко доцнење беше тоа и на концертот на „Бајага и инструктори“, исто така во Античкиот театар во Охрид што се одржа завчера.

Фото: Фејсбук/БајагаБелградскиот рокер, и покрај свирежите на публиката што долго го немаше на сцената, се појави пред публиката нешто по 22.20 часот, а како и за концертот на „Фрајле“, и за концертот на белграѓаните почетокот беше закажан во 21 часот.

Искусниот музичар, сепак, направи добра атмосфера уште по првите неколку хитови што ги засвири и запеа и им се реваншира на присутните за трпението со одлична свирка која траеше до 45 минути по полноќ. Цената на билетот беше 1.000 денари.

Организатор на концертот на „Фрајле“ беше Прагма продукција, а „Авалон“ беше задолжен за организацијата на свирката на Бајага.

Според изјавата на „Прагма“ дадена за „Женски магазин“, доцнењето било поради одржувањето на Охридско лето, со кои имале меѓусебен договор ниту еден концерт да не почне пред да завршат претставите на фестивалот. До недозбирање дошло зошто билетите биле печатени многу порано од закажаните настанаи, па наместо 22 часот, пишувало почеток во 21 часот.

Како и да е, доцнењето секако би било поголемо од толерантните, академски 15 минути.



извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838