Цените ќе се зголемуваат – гувернерката најавува инфлацијата да расте!

Во Македонија се очекува одреден степен на инфлација, но според очекувањата на гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска Бежовска, таа нема да биде изразена во голем процент. Таа ова го истакна во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија. -Тука би се воздржала од поконкретни квантификации бидејќи само што започна целиот циклус на макроекономски проекции. Треба да се финализира до крај на април и на почетокот на мај да излеземе со нови бројки. Сега засега сите бројки упатуваат на нагорно поместување, но не е тоа некое исклучително повисоко ниво на инфлација, рече гувернерката Бежовска.


извор: lider.com.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838