Немале пари допатувале со товарен авион со замрзнати риби, а потоа освоија злато во ТОКИО - ВИДЕО


Една од најдобрите приказни со среќен крај од Олимписките игри во Токио е онаа за рагбистите од Фиџи. Претставниците на оваа држава, која има помалку од 900.000 жители во финалето на олимпискиот рагби турнир ја совладаа селекцијата на Нов Зеланд со 27:12 и го освоија олимпиското злато. Победаја ја прославија гушнати пеејќи ја химната, се разбира со солзи во очите.

И, има и зошто. Имено, членовите на оваа селекција во последните месеци беа препуштени сами на себе. Рагбисите се собрале во почетокот на април месец за да се подготвуваат за Олимписките игри. Но, државата Фиџи на 6-ти април воведе строг локдаун поради коронавирусот. Никој од играчите не смееше да замине дома. Екипата беше сместена во еден мал хотел во преградието на главниот град, а тренираше во гаража.


Колку тоа тешко им падна покажува и фактот што капитенот Џери Туваји се обиде да избега за да ги види своите три деца. Сепак, селекторот дознал, па го убедил да не го прави тоа.


Кон крајот на јуни, по речиси три месеци карантин, можеа да го напуштат хостелот, но само да отпатуваат во Австралија за два подготвителни меча. Но, ниту тогаш не им беше дозволено да ги видат семејствата.


До Јапонија и Олимписките игри не можеа да патуваат со чартер лет, бидејќи немале пари. Наместо тоа, патот до Токио го поминаа со товарен авион кој превезувал замрзнати риби.

Покрај сите овие маки, успеаја да стигнат до златен медал. Но, тука маките нивни не завршуваат. По враќањето дома, ќе мора да поминат уште две недели во карантин, па дури потоа ќе можат дома, кај семејствата. Тоа значи дека своите семејства ќе ги видат дури после пет месеци.


29060043_2016680208590936_36926234558838