Академикот Љупчо Koцарев е авторот на декларацијата која ја усвои Собранието на Република Македонија

На денешниот брифинг со новирите претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски открива дека академикот Љупчо Коцарев е авторот на декларацијата која вчера македонското Собрание едногласно со поддршка и од власта и опозицијата ја усвои, а се однесува на заштита на македонските национални и државни интереси во преговорите со Бугарија.

Резолуцијата беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, а беше усвоена со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“ пратениците кои во Собранието сложно и со аплаузи ја изгласаа. Пендаровски истакна дека нема ништо спорно во резолуцијата, се согласува со истата, посочувајќи дека до сега и онака во преговорите со Бугарија се држеле до начелата на декларацијата.

Тој очекува до 15. Август да се формира Влада во Бугарија, а Слави Трифонов да ги прифати барањата на странски фактор меѓу кои и одмрзнување на процесот за почеток на на преговорите на Македонија со ЕУ.

Пендаровски смета дека додека нема Влада во Бугарија не треба да има преговори и треба истите да се прекинат. Потребно е само да има тековни дипломатски врски и преговори кои не се стратешки.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838