ЗАЕВ ЗА „КАНАЛ 5“: Ние сме непријатели на корупцијата и влезени сме во клинч со овие опшествени...


-Дали сметате дека навистина не постои детектирана корупција и во повисоките ешалони на власта, и дали останувате на ставот дека генерално корупцијата се случува само кај пониските нивоа на власта?


Канал 5 ТВ го праша Премиерот Заев:

„Поради фактот што јавноста но и дел од синдикатските здруженија и политички партии бурно реагираат на вашата изјава од завчера, во која вината за корупцијата во Македонија, нотирана и од Стејт департментот на САД, ја лоцирате во „третиот ешалон", односно шалтерски работници или администрација, Канал 5 ве прашува:

-Дали сметате дека навистина не постои детектирана корупција и во повисоките ешалони на власта, и дали останувате на ставот дека генерално корупцијата се случува само кај пониските нивоа на власта?“

Одговорот на премиерот Зоран заев на прашањето од Канал 5:

" Јас сум свесен дека не постои власт за која народот верува дека во нејзиниот прв и втор ешалон нема корупција. И завчера немав намера да го убедувам народот во тоа. Напротив, најважно е што ќе направи секој од нас за да бидеме поблиску до таа цел - а целта е нема корупција во било кој ешалон од власта и во кој било дел од општеството. Ние сме непријатели и противници на корупцијата и влезени сме во сеиозен клинч со овие општествени болести.

И за разлика од претходната, оваа Влада сериозно ги зема предвид и постапува по меѓународните извештаи. Го читаме и анализараме секој збор, секој наод од сите извештаи и ги третираме како сериозни четива кои ни помагаат да ја менуваме ситуацијата.

Нашите мерки се за сите, не само за администрацијата.

Нашата антикорупциска стратегија е за сите ешалони - тоа е прочистувањето на правосудството, етичкиот кодекс за функционерите кој важи прво за мене, а после за сите други, постојаното зголемување на транспарентноста на институциите, новата стратегија за конфискација на имот, дигитализацијата на институциите со која се отстранува човечкиот фактор при носењето одлуки и унапредувањето на системот за јавни набавки. Ова се мерки кои спречуваат корупција и кај министрите, и кај службениците и кај граѓаните.“

Системот се справува и со крупните и со ситните риби. Повеќе високи политичари се веќе со судски пресуди на издржување затворски казни. Тоа треба да е сериозна порака за секој политичар, особнео за тие од прв и втор ешалон, не само за администрацијата.

Имам јасна порака до сите носители на јавни функции, до прв и втор ешалон, до државните службеници и до граѓаните: Внимавајте, сега се` е јавно, сите знаат се` поради транспарентноста - учеството во коруптивни активности не се исплати и сериозно ќе биде казнето. ", одговори Премиерот заев.


извор: канал 5

29060043_2016680208590936_36926234558838