Пендаровски годинава нема да одржи говор на Мечкин Камен, Али Ахмети веќе ја прифатил поканата

Претедателот на државата Стево Пендаровски оваа година за Илинден на Мечкин Камен нема да одржи говор, брифираат од претседателскиот Кабинет.

Манифестацијата ќе трае еден час, а покани се испратени до сите политички лидери. Али Ахмети веќе ја прифатил поканата и ќе присуствува на прославата. Настанот ќе започне во 18 часот, а ќе настапат Танец, Ансамблот на албански народни ора и песни и Влатко Стефановски.


извор: фокус


29060043_2016680208590936_36926234558838