КАПИТЕНОТ ЛАЗАРОВ ДО КАПИТЕНОТ ПАНДЕВ: Одиме заедно во нови победи за Македонија


Честитики до сите фудбалери, селекторот, капитенот Горан Пандев и сите што придонесоа за оваа голема победа на Македонија над Германија, се вели во честитката од капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров.


– Честитики до сите фудбалери, селекторот, капитенот Горан Пандев и сите инволвирани кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионалниот спорт нема случајности, ниту среќа, среќата се заслужува со посветеност, верба, ентузијазам и борба до крај. Македонскиот спорт станува нашиот најголем амбасадор во светот, спортистите се најголеми амбасадори… Ви честитам од срце и само напред кон нови победи, покажавте дека имате ментална сила, карактер, македонски инает, интелегенција… Ви посакувам многу среќа на Европското првенство. Одиме заедно во нови победи за Македонија, се вели во објавата од Лазаров на Фејсбук.




извор: денешен

29060043_2016680208590936_36926234558838