ТАЈНО СЕ ГРАДИ „ЦЕНТАР ЗА СТРАНЦИ“, ЗА 3.000 ЛУЃЕ ВО БАРДОВЦИ - Жителите започнаа со блокади!


Жителите на Бардовци започнаа блокади против градењето нов објект „Прифатен центар за странци“.


По синоќешниот протест пред месната заедница, денес граѓаните на скопско Бардовци излегоа на протест и блокада на пристапните улици.


Граѓаните обвинуваат дека власта го гради објектот тајно и со криење од мештаните и останатите граѓани и медиуми. Локалната власт прво негираше дека нешто се гради, па откако ги испративме фотографиите градоначалникот, сега градбата продолжува во тајност и во ноќните часови.

Според неофицијални информации, се планира камп за 2-3 илјади луѓе кои ќе се стационираат.

Мештаните велат дека блокадите ќе продолжат и во наредниот период, се до откажување на локалната власт од намерите за изградба на ваков камп во непосредна близина на населеното место.



29060043_2016680208590936_36926234558838