ФОТО: Германија има само два порази од 1985 година во квалификации за СП!



Се слави големата победа на македонската А репрезентација, во Дуизбург се случи големо изненадување славејќи против Германија, фаворитот во нашата квалификациска група.


Играчите на Јоаким Лев дефинитивно беа големи фаворити на вечерашната пресметка, но сега секој зборува за сензацијата Македонија.


А еве и еден интересен податок за големината на германската репрезентација која секако и после овој пораз останува големо име на фудбалската мапа.


Од 1985 година во мундијалски квалификации, Германците имаат само два порази, едниот во 2001 година, доста убедлив од Англија (1:5).


20 години подоцна во 2021 година, Македонија ја прекинува таа традиција, славејќи со 1:2. Нема што, ваквите интересни податоци се ретки.


извор: slobodenpecat.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum