АДМИНИСТРАТИВЦИТЕ ГО КРЕНАА ГЛАСОТ ПО „НАВРЕДАТА“ ОД ЗАЕВ ДЕКА СЕ КОРУМПИРАНИ

Прво биле напаѓани како неработници, а сега и како корумпирани.

Административните службеници се револтирани од изјавата на премиерот Зоран Заев, кој пред неколку дена рече дека корупцијата е во пониските ешалони на власта, а не кај високите државни функционери.

Тие сметаат дека треба да добијат лично и јавно извинување, а очекуваат и премиерот да излезе со конкретни податоци кои ќе потврдат дека административците земаат мито и не работат во интерес на граѓаните.

„Можеби реакцијата на нашите членови ќе беше помека доколку беше посочено дека во сите ешалони на власта има корупција. А, високата корупција е во високите раководители“, рече Пеце Грујовски, претседател на УПОЗ.

Според синдикалците, ниту еден судски службеник во последните неколку години не одговарал или не бил осуден по основ на корупција, или имало само изолирани случаеви. Затоа, според нив, не е дозволиво премиер на една држава да го вперува прстот во административците, а да не гледа што се случува зад неговиот грб. „Тие што конкретно работат со странки работат по налог на претпоставени, и одговараат пред нив. Навистина сме изненадени и очекуваме објаснување“, рече Верица Тасева, член на УПОЗ.

А, премиерот Заев пред два дена категорично тврдеше дека корупција во Владата, односно кај министрите или пак кај директорите на јавните претпријатија или на државните фирми нема. Сепак во последниов период владата ја стресоа неколку афери поврзани со корупција и злоупотреба на функцијата.


извор: фактор


29060043_2016680208590936_36926234558838