Тренерите Дарко и Борче се откажаа од премијата, побараа парите да му се доделат на херојот Дејан!


Тренерите на Дејан Георгиевски, кој направи огромен успех на Летните Олимписки Игри во Токио, се откажаа од најавената премија од Владата и Агенцијата за Млади и Спорт.

Дарко и Борче Костовски го водеа нашиот натпреварувач до сребрен медал во категоријата за теквондисти над 80 килограми.

„Владата доделила 20.000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите. Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас. Секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост! За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (со златен отсјај). За Македонија!“, порачаа браќата Крстевски.

29060043_2016680208590936_36926234558838