Пpивeдени се 12 лица, меѓу нив и полицaeц: Полициcка aкција во Скопје


Голема полициска акција се спроведува од рано изутрината во Сингелиќ и на други локации, за апсење на лица вмешани во трговија со дрога и оружје, потврдуваат за МИА извори блиски до истрагата. Видливо е полициско присуство во Сингелиќ и на други локации, а според изворите од истрагата приведени се 12 лица, а меѓу нив и еден полицаец.

Од МВР потврдуваат дека има акција и дека таа се уште во тек, а информации најавуваат откако акцијата ќе заврши

29060043_2016680208590936_36926234558838