Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев соопшти дека договорил соработка за локалните избори со претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

На својот фејсбук-профил Заев утрово напиша дека СДСМ и ДПА ќе соработуваат и реципрочно ќе се поддржат во повеќе општини. – Со цел за граѓаните да ги обезбедиме најдобрите градоначалници и советници на кои служењето на народот им се главна цел и определба. Во некои општини соработката ќе ја реализираме во прв круг, а во други општини во втор круг. СДСМ продолжува ја гради и развива најголемата и најдобра коалиција за локалните избори во октомври, напиша Заев на Фејсбук.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838