(Фото) Maкедонија во финaлe: Ова е првиот медал на Олимписки игри по 20 години


Македонија има сигурен сребрен медал на олимпијските игри во Јапонија. Се работи за македонскиот олимпиец Дејан Горгиевски кој со пласманот во финалето во Таеквондо во категоријата 80+ килограми обезбеди сигурен сребрен медал, а има шанса на Македонија да и донесе олимпијско злато прво од независноста на државата!

Георгиевски го порази Кјо До Ин со 12:4 , инаку втор носител на турнирот. По 20 години ова ќе биде првиот медал за Македонија! Од независноста до сега Македонија има освоено само еден бронзен медал во 1996 година во борење кој го освои Могамед Ибрагимов. Во првиот дел од борбите во „Макукари Месе“, нашиот ас го победи противникот од Брегот на слоновата коска Сејду Гбане со 9-4 во категоријата до 80 килограми. Одлуката падна во третата рунда, во која во двете фази Дејан беше подобар од Африканецот. Гбане го фати и замор, па Георгиевски без драма стигна до доминантна победа. Сејду Гбане постојано го ловеше водството на противникот. Успеа да израмни на 4-4, но со серија од пет поени на Георгиевски, победникот беше решен.

А и двојниот светски првак, кубанскиот таеквондист Аалва Кастиљо се поклони пред македонскиот олимпиец.

Владислав Лари од Русија, кој е голем фаворит за златниот медал, е првиот финалист на таеквандо турнирот, во категоријата до 80 килограми и противник на нашиот Георгиевски во финалето. Оваа борба е закажана за попладневните часови (околу 13:45 часот).

29060043_2016680208590936_36926234558838