Македонскиот лав во таеквондо го победи светскиот првак на Олимпијадата во Токио

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во четвртфиналето, категорија +80 килограми на Олимпискиот турнир во Токио, откако утринава го победи актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба.


Македонецот ја доби првата рунда со 5:1, иако противникот го освои првиот поен. Дејан ја зголеми предноста по втората рунда која изнесуваше седум поени (10:3).


На крајот Георгиевски успеа со 11:8 да слави победа.


Следен противник на македонскиот знаменосец на отворањето на Игрите, ќе биде Кубане од Брегот на Слоновата коска.


Четвртфиналната борба треба да се одржи околу 8:45 часот по македонско време.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838