УХМР co пeкoлнa пpoгнoзa: Тeмпepaтypи и нaд 40 cтeпeни вo cлeднитe дeнoви


До крајот на оваа седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Во следните денови на повеќе места температурите ќе бидат над 35 степени. Најтопло ќе биде од среда до недела кога ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.

Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надмине и 40-тиот степен.

29060043_2016680208590936_36926234558838