ВИДЕО I Фудбалерите ја прославија победата заедно со навивачите ечеше во Дуизбург


Нашите репрезентативци приредија првокласно изненадување во Дуизбург, каде ја совладаа Германија со 2:1 во третото коло од квалификациите за Светското првенство во Катар. По завршувањето на натпреварот тие можеа да го прослават овој голем успех со Македонците од Дуизбург и околината кои се собраа по натпреварот пред автобусот, надвор од стадионот.


Иако повеќето опкружени навивачи имаа маски, секако, овој собир го привлече и вниманието на германските медиуми, кои му дадоа интересно име: „Пандевмија во Дузибург“, во чест на стрелецот на првиот гол на мечот, македонската легенда Горан Пандев.


Со овој триумф Македонија изби на второто место на табелата со 6 бодови колку што имаат и трето рангираните Германци. Први на табелата се Ерменците кои во оваа рунда на домашен терен ја совладаа Романија со 3-2.


Токму против Ерменија во Скопје на 2 септември нашата селекција ќе ги продолжи Мундијалските квалификации, а во меѓувреме во јуни месец, Македонија ја очекува дебитантскиот настап на Европскиот шампионат на кој во групата ќе играме против Австрија, Украина и Холандија.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum