Коњаницата тргна од Цапари, помина низ центарот на Битола и се упати кон Бигорски (ФОТО)


Како што беше најавено точно во 13 часот коњаницата составена од пет коњаници, од кои две женски, пристигна во Битола, на Широк Сокак, каде им се претставија на битолчани и заедно со нив одиграа оро проследено со комитски песни. Инаку, коњаницата својот пат до Крушево го започна утрово во село Цапари, каде добија благослов и положија заклетва, а присустуваа и на црковната служба. Потоа по стариот пат за Битола, за повеќе од 4 часа пристигнаа во Битола.

-Ова е наше прво учество на овој коњанички марш кој завршува во Крушево на 2 август, на Илинден, на денот кога е “кренато“ Илинденското востание. До сега не е напорно, но многу ќе биде тешко поради топлото време, а ќе треба да се издржат шест дена.


Највозрасниот Зоран Талевски (ЧЕНТО) за мотивацијата за овој подвиг вели:


-Цел живот сум ја сакал Македонија, традицијата, сум ја бранел, сум бил полицаец, бранител, и мислам дека патриотизмот кај Македонците е на ниско ниво, а јас и моите истомисленици ќе сторам се да го подигнам патриотизмот. Ова е убава држава, каде можеме среќно да живееме. Сум прошетал неколку земји во Европа и Америка, но нема поубав живот од тука, а кога ќе стигнат таму младите доцна го сфаќаат тоа. Нашето сонце, насмевка, живот, пријатели нигне ги нема, затоа да ја сакаме оваа земја, Македонија. Од Битола тргнуваат денес, потоа, секако со организиран превоз, до Бигорски манастир, од каде заедно со Гостиварската коњаница ќе тргнат за Крушево. Преку Галичник, потоа ќе пристигнат во манастирот Кнежино, преку Крушино и Цер, и на крај да стигнат кај езерото кај Крушево, каде ќе им се поклонат на македонскте револуционери, бранителите од 2001 година, на загинатите бранители во Куманово, а коњичкиот марш им го посветуваат на како што велат уставобранителите кои невини лежат во затворите.

извор: bitolanews.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838