Германија нема друг избор освен да ја напушти ЕУ и да изгради нов европски простор во соработка

Германската десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) доживеа драматичен пораст на популарноста пред неколку години, а причината за тоа беше т.н. „политиката на отворени врати“ што тогаш ја спроведува германската канцеларка Ангела Меркел.

Да потсетиме, станува збор за пуштање (дури може да се каже и за повикување) на стотици илјади мигранти во Германија.

Како што се очекуваше, сите незадоволни од оваа политика се свртеа кон политичките актери кои го спротиставија својот став (барем по ова прашање). Но, по мигрантскиот бран и популарноста на AfD започна да опаѓа иако тие сè уште се релевантен играч на германската политичка сцена.

Според последните анкети, AfD може да смета на поддршка на 11% од гласачите на претстојните парламентарни избори во Германија, што ќе се одржат во септември.

Останува да се види кои ставови AfD ќе се обиде овој пат да ги придобие гласачите, кампањата секако е во тек.

Имајќи го ова предвид, интересно е да се посочи изјавата на една од партиските лидери, Тино Чрупалае.

Имено, тој неодамна рече дека Германија „нема друг избор освен да ја напушти Европската унија“ со цел да изгради „нов европски простор“ во кој, меѓу другото, ќе ја зајакне соработката со Русија.

Да потсетиме, Тино Чрупала и Алис Вајдел заедно ја водат партијата АфД.



извор: вечер

29060043_2016680208590936_36926234558838