ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА: Наташа Петровска и СДСМ не отворија ниедно работно место во Битола


Реакција на изјавата на Заев "Наташа Петровска е еден од најдобрите градоначалници"

Битолчани знаат, Петровска е најлошото за нив, лагите на Заев повеќе не минуваат во Битола 100 пати повторена лага од Заев не станува вистина, Петровска и СДСМ се најлошото за Битола.

Битолчани знаат дека Петровска и СДСМ го претворија градот во депонија.

Битолчани знаат дека Петровска и СДСМ ги излажаа за гасификација !

Битолчани знаат дека Петровска и СДСМ не отворија ниту едно работно место !

Битолчани знаат дека Петровска и СДСМ повторно ќе лажат. Петровска е олицетворение на лагите на Заев во Битола! Затоа СДСМ, Заев и Петровска се кријат од Битолчани, за да се сокријат од вистината. Затоа СДСМ и Заев со обезбедување се двојат од битолчани.

СДСМ нема што да понуди во Битола. Битола четири години живее со лагите на СДСМ. Петровска и СДСМ заборавија на старите ветувања, залудно сега даваат нови ветувања. Никој не им верува, затоа што се потпираат на старите корумпирани кадри како Петровска.

По локалните избори во октомври и победата на ВМРО-ДПМНЕ Битола ќе го добие повторно оној сјај којшто го заслужува, сјајот на единствениот конзулски град во нашата Македонија. Битола ќе се ослободи од неспособноста, од криминалот и од корупцијата. Битола ќе биде град за сите луѓе, а не само за неколкумина поединци, криминалци и луѓе коишто во изминативе четири години безмилосно ја пустошеа, криминалци и луѓе коишто изобилуваат со безидејност неспособност и луѓе коишто навистина ја вратија Битола во средниот век, а Битола тоа не го заслужува.

Петровска и СДСМ се најлошото за Битола, Заев и СДСМ се најлошото за Македонија.

Битола знае, време е за Македонија за сите луѓе.


29060043_2016680208590936_36926234558838