Ѓоковиќ: Плачам многу, но вие тоа не можете да го видите…


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е вистинска сензација на Олимписките игри во Токио. Сите спортисти со нетрпение очекуваат да го запознаат и да направат фотографија со него. Големиот шампион игра под притисок да го освои првиот златен медал во својата кариера. Со тоа ќе ја комплетира мисијата и ќе стигне до одличјето кое му фали на патот до титулата „најдобар на сите времиња“. „Јас плачам многу, но тоа не го покажувам и вие не можете да го видите. Олимписките игри, претставувањето на вашата земја на нив, секогаш ги зголемуваат очекувањата, притисокот расте, како и мојата емоционална „вклученост“. Всушност, сите тенисери, сите спортисти можат да се согласат со тоа“.

Тоа е еден поинаков вид на енергија. Кога ќе дојдете на Олимписките игри и ќе ја претставувате својата земја, не е како кога одите на друг турнир. На крајот на краиштата, игрите се одржуваат на секоја четврта година. Затоа значењето на настапот на нив е толку важно“, вели Ѓоковиќ.

Најдобриот тенисер на денешницата успешно ја мина првата пречка во Токио. Поради откажувањето на многу фаворити патот до златото му е отворен, но со тоа притисокот и очекувањата од него значително се зголемија во очите на јавноста.

29060043_2016680208590936_36926234558838