ВИДЕО I Арапските Емирати ја искористија технологијата: ПРЕДИЗВИКАА ВЕШТАЧКИ ДОЖД


Екстремни временски услови се забележуваат во неколку делови на светот на континентите, вклучително Северна Америка, Африка, Европа и Азија.


Teмпературите на Арапскиот полуостров достигнаа до 50 целзиусови степени.


Имајќи ја предвид зголемената топлина, властите на Националниот центар за метеорологија, Обединети Арапски Емирати, ја искористија технологијата на сеење на облаци за да генерираат вештачки дождови.


ОАЕ ја искористи технологијата за користење беспилотни летала за генерирање врнежи од дожд. Беспилотните летала во облаците исфрлаат струен електричен полнеж и предизвикуваат врнежи од дожд, пренесе Дејли меил.


Неколку видеа се споделени на социјалните мрежи.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838