(Aудио бoмби) БОЛНИ КУКАВИЦИ: Протекоа разговори на Веља Невоља - „Води го во клaницaтa“


Застрашувачко видео за организирање убиствa во „куќата на ужасот“ зборува за бруталноста на кланот на Велја Невоља, но и за ладнокрвно договарање на ликвидации.


На снимката се слуша како Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и нивните соработници го мамат Лазар Вукичевиќ во куќата во Ритопек каде биле извршени најмонструозните убиства.


Аудио-снимката, која ја објави српски „Информер“, јасно покажува дека Беливук и неговите соработници планираат киднапирање на Вукичевиќ и најмонструозна ликвидација.


Планот за тоа како да се донесе Вукишевиќ до викендицата на смртта во Ритопек бил детално објаснет.


Да потсетиме, Вукичевиќ е една од жртвите на овој озлогласен клан кој бил најмонструозно мачен, осакатен и најбрутално убиен.


Лазар Вукичевиќ исчезна во октомври 2020 година, а последен пат бил лоциран на Баново Брдо и оттогаш му се изгуби секаква трага.

Видеото погледнете го тука.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838