„Мојата сопруга е болна од коронавирус, оваа победа е за неа!“


Македонија ги живее најсјајните моменти во својата репрезентативна историја. Победата во Дуизбург од 1-2 има име и презиме - Игор Ангеловски. Македонскиот селектор на прес-конференцијата победата ја посвети на сопругата, која се бори со ковид-19.

„Морам да кажам дека мојата сопруга е болна од коронавирус, додека јас сум овде. Така што морам да кажам дека оваа победа е за неа, за моите деца, тие се мојата најголема поддршка. Исто и за целиот медицински персонал кој се бори со кризата“, рече нашиот селектор.

Ангеловски испиша историја, а покажа и дека Македонија е најсилна против најсилните. Така, ремито во Торино против Италија не е повеќе наш најголем подвиг. Победата во Дуизбург вечерва е историски подвиг број еден и прекин на серијата од дваесет години без пораз на Германија во квалификации за Светско првенство.

29060043_2016680208590936_36926234558838