Запленета дрога вредна околу 150.000 евра, приведени пет лица - ФОТО


Полицијата вчера запленила три торби со 54 пакувања марихуана чија вредност според првичните процени е 150 000 евра. Приведени се пет лица, меѓу кои и двајца поранешни вработени во МВР, соопштија од Министерството.


Станува збор на меѓународен канал за шверц на дрога од Албанија, преку Македонија, а со крајна дестинација во Грција.


Од МВР велат дека од минатиот месец почнале истрага за групата инволвирана во меѓународниот транспорт на марихуаната, чиј организатор е 50 годишен маж од Гевгелија. Полицијата ја спровела акцијата вчера, откако претходно добила информации дека од 19 јули се подготвува пренос на поголема количина на марихуана.


Во координација со СВР- Струмица, СВР-Охрид и РЦ Југ извршени се и повеќе претреси на подрачје на Гевгелија, Валандово и Струга


За време на претресите пронајдени се голем број на мобилни телефони со СИМ картички, а пронајдени се и одземени и две ловечки пушки, пиштол и муниција за наведените оружја кои едно од лицата ги поседувал без дозволи.


извор: тера

29060043_2016680208590936_36926234558838