ВИДЕО: Тепачка на политичари во емисија во живо


Молдавските политичари Сергио Тофилат и Генади Косован ги шокирале гледачите со тепачка во текот на емисија за дискусија, пренесува “DPA”.

Тофилат, поранешниот советник на претседателката Маја Санду, го нокаутирал Косован, поранешен заменик министер за внатрешни работи. Имало и давење, односно фаќање за врат.

Видеото објавено на интернет покажува дека Косован во почетокот останал неподвижен по инцидентот.

Ситуацијата наводно се влошила откако Тофилат го навредувал Косован во текот жестока расправа за политичката ситуација во Молдавија.

Тогаш Косован го полеал Тофилат со чаша вода по глава.

Емитувањето подоцна морало да биде прекинато. На Фејсбук била објавена фотографија на која се гледа како двајцата мажи повторно мирно стојат еден покрај друг и се ракуваат, но во позадина се гледаат болничари. “Се е добро кога добро ќе се заврши”, напишало уредништвото, но исто така навело дека таквите насилства ќе бидат казнувани во иднина.

извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838