Светскиот извештај „Gallup“: Македонија е најнесреќно место за живеење на Балканот

Според најновиот светски извештај за среќата, направен според традиционалната анкета на агенцијата „Gallup“, Македонија e едно од најнесреќните места за живеење. Имено, нашата држава се најде на 75. место од вкупно 95 рангирани земји. Топ три најсреќни места за живеење се Финска со оценка 7,89, Исланд со 7,58 и Данска со 7,51. Зад нив се Швајцарија, Холандија, Шведска, Германија и Норвешка. На Балканот, граѓаните на Хрватска се најсреќни – на 23. место со оценка 6,51, а неколку места зад нив се и Словенците – на 26. место со оценка 6,46. Потоа следува Косово на 31. место, Србија на 42. место, Босна и Херцеговина на 58. место и Албанија на 63. место. Македонија е најдолу од сите, односно на 75. место.

Од земјите надвор од Европа, само Нов Зеланд се најде меѓу првите десет. САД се искачиле на 14. место, а Канaда е падната на 15. позиција.

Во Азија најдобро се живее во Тајван којашто се најде на 19. место, а во Африка најдобро место за живеење е Нигерија којашто се најде на 59. позиција.




извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838