Христо Кондовски, адут или сепак салто мортале во СДСМ !?


Откако се објави дека најсериозен кандидат за градоначалник на СДСМ во Битола е Христо Кондовски, на социјалните мрежи и на електронските медиуми може да се забележат големи и бурни реакции на граѓанмите во Битола, како и јасна поделеност во СДСМ на поддржувачи на Наташа Петровска, Васко Ковачевски и Горан Козаров.

Еден од коментарите : Богаташите од времето на ВМРО-ДПМНЕ денес стануваат кандидати за градоначалници на СДСМ.
А исто така имаше и еден коментар кој вели: Козаров пред да дојди на власт во Битола, градот го нарекуваше Стентон град, а сега десната рака на стентонот го подржува за градоначалник. Ова е салто мортале.

Што се случува во Битола и дали навистина Христо Кондовски ќе биде, како што се вели, наметнатиот кандидат од Зоран Заев останува да видиме. Но она што е се појасно е тоа дека СДСМ нема кандидат за Битола, бидејќи сите битолски функционери од СДСМ се во длабок Оф-сајт.


Но, од другата страна пак, тоа не значи сигурна победа за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и таму членството, како и цела Битола, очекуваат сериозен и пред се чесен човек за кандидат кој ќе може да се справи со сите проблеми кои се натрупани во градот.


Сепак, работата е сериозна и од судбинско значење за Битола а битолчани ќе одлучуваат дали сакаат уште 4 години како претходните со Наташа Петровска или ќе изберат вистински татко на градот кој нема да бара изговори и ќе ја постави Битола на правилна патека за да го врати сјајот на култната Конзулска Битола.


ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ КОМЕНТАРИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ОД СТРАНА НА БИТОЛЧАНИ:




29060043_2016680208590936_36926234558838