Со платена сметка за вода и стpyја до македонско државјанство, без знaeње македонски јазик


Новиот Предлог за државјанство кој денеска треба да се најде пред пратениците предвидува 16 начини барателот да се стекне со државјанство на Македонија, а како доказ за тоа доволен е документ дека граѓанинот завршил школо тука, дека бил на лекар, дека има имот или штедна книшка, дека плаќал – сметки.


Првичниот предлог за државјанство да сведочат тројца сведоци отпаѓа, но затоа платени сметки за струја, вода, греење, телефон ќе бидат доволен услов за добивање државјанство.


Со Предлог закон со кој треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето на законот во сила.


Новиот Предлог закон, овојпат со европско знаменце, предвидува тоа да се направи и со доказ дека барателот на државјанство завршил школо тука, бил на лекар, има имот, работи во земјава, тука има штедна книшка итн.


Доказите може да се достават во оригинал или копија и да бидат заверени на нотар. Се предвидува започнатите постапки за државјанство кои до стапување на овој закон не се завршени да се решат по новиот закон.


Законот првично инициран од Алијансата за Албанците и од Алтернатива, сега е пред пратениците, но овојпат поднесен од Владата и е со европско знаменце и предложени се адени се 16 критериуми за тој што бара државјанство да достави барем еден доказ.

Се скратуваат и годините на престој во државата потребни за добивање државјанство од осум на седум. Во претходниот предлог Алијансата и Алтернатива бараа да се скрати на четири години престој.


Исто така, иселеници од Македонија и нивните деца ќе може со природување да се стекнат со македонско државјанство и доколку до поднесувањето на барањето не живееле осум години во земјава, и без да има отпуст од државјанството на друга држава.


Со македонско државјанство ќе може да се стекне и странец кој е во брак со македонски државјанин најмалку три години и во земјава живее најмалку една година, притоа не мора да знае македонски јазик… пишува РСЕ.


Според изјавите на властите, околу 3000 луѓе бараат државјанство, од кои половина не живеат тука. Има и околу 800 граѓани т.н. фантоми, граѓани кои се родиле овде и никогаш не добиле државјанство.


Извор: РСЕ

29060043_2016680208590936_36926234558838