Тимот дизајнери на Владата го презентираше новото знаме на Нашата Земја


Сатирична вест на порталот Кооперација.


Новото предлог знаме, чија цел е да ги сплоти сите граѓани на Нашата Земја и да ја раскаже нивната приказна, беше презентирано денес во Владата во присуство на повеќе високи гости од земјава и странство.

Автори на знамето се мистериозните дизајнери од Владата чие име не се открива, но според шпекулациите се работи за истиот тим кој го подготви дизајнот на логото по повод 30 годишнината од независноста и нацрт планот за кружниот тек во Струмица.

За да ја задржат својата анонимност, тие се обратија до јавноста со соопштение во кое објаснија дека новото знаме ќе биде симбол на поставеноста на моралните вредности во политиката и во општеството, како и правиот пат на кој се најде земјава благодарение на исправните политики на сите досегашни влади.


ИЗВОР: КОПЕРАЦИЈА

29060043_2016680208590936_36926234558838