ШОКАНТНО: Во МВР пронајден полициски службеник со вистинска диплома


Сатирична вест на порталот Кооперација.


Висок полициски службеник во МВР ексклузивно за Кооперација си ја отвори душата и откри дека поседува вистинска диплома за завршено високо образование на државен факултет, која ја крие од своите колеги од страв дека ќе стане предмет на подбив. - Се плашам дека ако дознаат нема да ме остават да дишам од зафркавање. Ова не го зборам од памет, туку од искуство. Имав колега кој на месец дена пред пензија реши на сите да им признае дека е факултетски образован и му ги извадоа ѕрцките. Отиде дури до кај министерот да се жали, ама и тој, кога му кажал зошто е дојден му, се искинал од смеење. Не издржа и две недели пред пензија си даде отказ. - ни изјави нашиот соговорник. За да биде поуверлив пред своите колеги, тој дури и купил лажна диплома од факултетот за детективи на струшкиот градоначалник Мерко за да влезе на работа, додека вистинската диплома ја закопал на непозната локација.


ИЗВОР: КОПЕРАЦИЈА

29060043_2016680208590936_36926234558838