ВИДЕО КОЕ СВЕДОЧИ ЗА УЖАСОТ: Верниците и претседателот се молат додека Талибанци го ракетираат


Видео од Кабул, кое требаше да ја прикаже само молитвата на верниците, меѓу кои и претседателот на Авганистан, Ашраф Гани сведочи за ужасот на Блискиот исток.


Според извештаите на странски агенции, неколку ракети паднале утрово во близина на претседателската палата во Авганистан. Во тој момент верниците се поклонувале за време на молитвата за Курбан Бајрам. Во првиот ред беше авганистанскиот претседател Ашраф Гани.


На видеото се гледа како Гани, облечен во традиционална авганистанска облека, стои во првиот ред, дури и не се движи за време на ракетниот удар, додека некои верници „клекнаа“ од звукот на детонацијата. Се чини како тие самите да не знаат за момент дали да продолжат да се молат или да бегаат. Еден од нив, сепак, застана збунет, вртејќи се и размислувајќи што да стори.


Но, бидејќи претседателот не се помрдна, молитвата продолжи.


„Талибанците покажаа дека не сакаат мир“, рече тој во говорот по молитвата.




Фото: скриншот Youtube, AFP news agency

29060043_2016680208590936_36926234558838