Во Колумбија работната недела се скратува од 48 на 42 часа


Во Колумбија работната недела се скратува од 48 на 42 часа. Претседателот на државата Иван Дјук, потпиша закон со кој постепено се скратува работната недела од 48 на 42 часа, без намалување на правата на работниците. Дјук вели дека Колумбија на тој начин се приклучува кон најдобрата практика на безбедност при работа, пренесува РИА Новости. Законот предвидува обврска на работодавачот постепено да ја скратува работната недела во следните пет години. Две години по стапувањето во сила на законот, работната недела ќе се скрати за еден час неделно, а по три години за уште еден час. Четири години по стапувањето во сила на законот, работната недела ќе се скрати за уште два часа неделно – до 42 часа. Овој модел го применуваа земји од Скандинавија. Се покажа дека со скратена работна недела, работниците се попродуктивни.

29060043_2016680208590936_36926234558838