Сите очи кон Исланд: Најголемиот експеримент со вакцините


До викендов, Исланд комплетно вакцинираше со 2 дози неверојатни 90% од возрасното население што е светски рекорд. Далеку повеќе од Израел, САД и земјите од ЕУ. Токму Исланд, е државата кон која треба да бидат свртени очите на светската јавност, бидејќи таму се одвива „најголем експеримент со вакцините“, пишува во најновата колумна Стефан Василевски, лекар и национален консултант за имунизација против КОВИД-19 за УНИЦЕФ МК. Во периодот што следува, медицинската, научната, но и политичката јавност треба максимално да ја следи состојбата со пандемијата во Исланд. Најголемиот експеримент со КОВИД-19 пандемијата ќе го видиме токму сега, а ќе ги даде и одговорите за следните политички, економски и медицински чекори од есен во секоја земја:

  • Дали вакцините може да го донесат толку најавуваниот „колективен имунитет“ кој граѓаните едвај го чекаат;

  • Притоа, се враќа ли се во нормала?

  • Сите евентуални штетни последици од вакцините или пак бенефити;

  • Како и можеби најважното прашање за 21виот век и новото време во однос на пандемиите: Дали екстремните рестрикции и „lockdowns“ воопшто смеат и понатака да бидат применувани како мерки или во иднина треба комплетно да се укинат?

На што ја должам мојата теза? До викендов, државата Исланд комплетно вакцинираше со 2 дози неверојатни 90% од возрасното население што е светски рекорд. Далеку повеќе од Израел, САД и земјите од ЕУ. Дополнителни 3% со уште една доза, значи неверојатни 93% од население од 16 до +90 години се вакцинирани. Погледнете ги бројките на инфографикот. Да не се збуните, вакцинирани се над 90% од возрасната популација од 16 години до 90+, а бројката на долниот инфографик која е скоро 73,9% е процент од целокупното население со се деца од 12 до 15 години како и тие од 0 до 12 години кои не смеат да примат вакцина.

ИНФОГРАФИК: Се работи за компарација на процент на комплетно вакцинирани граѓани во Исланд (како моментално водечка и експериментална држава), со САД, ЕУ, но и Македонија (бидејќи живееме тука, а и нашите граѓани заслужуваат повеќе одговори во однос на нивните слободи во иднина).ИСЛАНД Е ПРВА ДРЖАВА КОЈА ЌЕ МОЖЕ ДА ЈА ПОТВРДАТ ТЕЗАТА: ЌЕ УСПЕЕМЕ ЛИ КОНЕЧНО ДА СТИГНЕМЕ ДО КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ ЗА КОВИД-19 И ДА СЕ ВРАТИ СЕ ВО НОРМАЛА?

Многу почитувам научници, се дивам на нивната работа, но како креатор на политики секогаш ми е важен и народот. Затоа, сосема легитимно на голем број лекари, научници, но и на политичари, ветувањата кон народот за колективен имунитет им беа преголеми и најчесто се расфрлаа со бројки за тоа 1) колку % треба да прележат и 2) колку % треба да се вакцинирани за да стигнеме до колективен имунитет со што конечно би се вратиле во нормала. СЗО нема конкретен одговор за колку % се потребни за колективен имунитет бидејќи за секоја болест е различно, но сега е време за одговор преку реален пример – Исланд!

Заклучно денес, во Исланд:

  1. Не треба повеќе никој и никаде да носи маска

  2. Не треба да се почитува правилото на дистанца

  3. Нема никакви рестрикции за ништо.

Што треба да направиме во Македонија за да не се лажеме ниту себе, а и спремни да ја дочекаме есента врз база на примери од светот?

  • ПОПИС;

  • Продолжена и зајакната кампања за вакцинација, а не присилување на народот;

  • Пуштање во употреба на централизирана апликација и веб-страна каде пред се лекарите и научниците, а потоа и сите останати ќе може да ги читаат најновите информации за КОВИД-19, вакцини, примери од држави, научни трудови и слично;

  • Континуирано следење на светските трендови и иновации како и специфични примери од држави како Исланд, Израел, САД, итн.

– HEALTHNEWS: Дигитална алатка за централизација на најновите вести и информации, пишува д-р Василевски. Многу често велам дека критика без понуда е гола вода и празно слово. Затоа, скоро секогаш нудам решенија или се обидувам да направам анализа со цел да им олеснам на политичарите/научниците да дојдат до идеја за решение. Еден огромен недостаток во македонското здравство е централизирано информирање за светските трендови и новости на дневна основа!

Да, јас самиот сум лекар, па секој ден отварам веб-портали како WebMD, американската CDC, веб-страните на сите вакцини посебно и делот news/press release, The Lancelet и слично со цел да не пропуштам новост доколку има. Пуштање во употреба на ваква дигитална алатка на пример наречена “HealthNews” како продолжеток но и надградба на алатката на УСАИД и УНИЦЕФ наречена “HealthBuddy+” би била од голема корист за најмалку 15.000 здравствени работници, а потоа и сите останати граѓани.

Дополнително, алатката треба да им можност за и самите лекари да може да прикачат текст (секако, ќе има и контролни филтри од ботови). На тој начин и самите здравствени работници ќе се чувствуваат дека имаат шанса плус за придонес. Па така, секое сабајле наместо да отварам 15 различни страници, би ја користел оваа алатка. Светски брендови, новости и текстови за пандемијата, преведени на македонски.

СЛЕДНОТО Е ПОПИС. ЗОШТО ПОПИС? БИДЕЈЌИ ЖИВЕЕМЕ ВО ЛАЖНА СТАТИСТИКА!

Според изјавата на директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, „Иселувањето е загрижувачко, стравувам дека во земјата се околу 1,5 милион жители“ всушност ние би имале комплетно друга реалност на проценти на вакцинирано население. Во тој случај, наместо 12,8% целосно вакцинирани и ранг меѓу последни на Балканот, на 1,5 милиони жители ние би имале 18% целосно вакцинирани што е подобро од Бугарија (ЕУ/НАТО), Албанија (НАТО), БИХ и Косово, но сепак се уште далеку зад Србија со 39% и Грција со 44%. Исто така бројката на вакцинирани граѓани (без разлика на дози) би се зголемила од 22% на 30% што и не е така лошо бидејќи една Србија која е меѓу најдобрите во светот е на само 40%. Исто така би биле и пред Црна Гора (уште една НАТО регионална членка) која е на 25%.

Државаа ја чекаат избори, а предизборно секогаш се однесуваме тинејџерски без разлика што веќе влагаме во 30тата година од државност. Искрено, не се надевам на подобрување бидејќи се уште сме на дното на држави кои инвестираат во наука. Кога на тоа поле би се смениле работите, тогаш ќе има надеж и за национален концензус и за многу други прашања. До тогаш, ќе тераме како што сме навикнати. Пишува: Стефан Василевски, лекар и национален консултант за имунизација против КОВИД-19 за УНИЦЕФ МК.

29060043_2016680208590936_36926234558838