Морачанин: Храната треба да поскапи за граѓаните помалку да јадат и да не се дебелеат


Сатирична вест на порталот Кооперација.


Маја Морачанин, пратеничка и претседателка на вечниот коалиционен партнер во секоја влада, ДОМ, по денешниот предлог струјата да поскапи за граѓаните повеќе да штедат, промовираше уште едно генијално решение за посреќна и поздрава нација - поскапување на храната со цел искоренување на дебелината и болестите поврзани со неа. - Ако се прашувам јас секое јадење што дебелее треба да се оданочи со 10000% данок. Кога лебот ќе биде 2-3000 денари, а маслото 9000, ќе видиме дали некој ќе има проблем со дебелината. Затоа, барам поддршка оваа идеја да се преточи во закон за заштита на јавното здравје за државата да ги заштити граѓаните од својата алчност. - изјави таа. Од законот ќе бидат изземени сите функционери и службеници кои поседуваат бланко државни картички, затоа што во описот на нивната работа е да ждерат службени ручеци и да го жртвуваат своето здравје за доброто на сите.


ИЗВОР: КОПЕРАЦИЈА

29060043_2016680208590936_36926234558838