Да не остане покусо: СВР Неготино свечено пушти во употреба ново сунѓерче за миење садови


Сатирична вест на порталот Кооперација.


По примерот на своите колеги од соседно Кавадарци, кои вчера ја подновија полициската станица со нов фрижидер, СВР Неготино денес го пушти во употреба новото сунѓерче од марката „Виледа“, донација од Полицискиот синдикат. На церемонијата присуствуваа голем број високи функционери, помеѓу кои и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој им ја честиташе модернизацијата на неготинчани и од име на министерството им подари пакет детергенти за миење садови. Свеченото намокрување на сунѓерчето требаше да се случи во 12 часот, но поради проблеми со водоводната мрежа во Неготино, тоа е презакажано за идната недела.

ИЗВОР: КОПЕРАЦИЈА

29060043_2016680208590936_36926234558838