Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола го прослави 31. роденден (фотогалерија) - BITOLANEWS


-На прославата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола беше и претседателот Христијан Мицковски, кој рече дека очекувам голема победа на локалните избори, а потоа промени на политичката сцена и ново парламентарно мнозинство, а кандидатот за градоначалник ќе го соопшти во втората половина на август.

Во Пациото на Завод и Музеј во Битола Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола го прослави 31. роденден, на кој присуствува покрај претседалот Мицковски, Владиката Петар, пратеничките Огла Лозановски и Силнана Ангелевска, членови на општинскиот комитет, ветерани, членови на УМС, поранешни партиски фукционери, членови и симпатизери. По тој повод пред присутните членови на партијата се обрати претседателот Христијан Мицковски, кој прво на сите битолчани им го честита роденденот на општинскиот комитет, на сите кои се или биле дел од партијата ВМРО-ДПМНЕ, а за најактуелната тема, локалните избори:


-Очекувам една голема победа на ВМРО – ДПМНЕ на локалните избори затоа што ќе понудиме нова структура на кандидати за градоначалници, од нив дури 95 отсто се нови луѓе кои по прв пат ќе ја бараат поддршката на граѓаните. По локалните избори очекувам нов ветер на политичката сцена и ново парламентарно мнозинство, реформите во партијата завршија, сега се на ред реформите во државата, а за тоа кога ќе биде соопштен кандидатот за градоначалник на Битола:


–За мене Битола претставува посебен предизвик и очекувам после локалните избори Битола повторно да го добие оној сјај кој што го заслужува. Се уште немаме одлучено кој ќе биде кандидат затоа што се уште се одвиваат анкетите и мерењата, и се уште се собираат проекти со кои што ќе излеземе пред битолчани. Би замолил за малку трпение и разбирање, а очекувам дека во втората половина на август да имаме конкретни имиња. Тоа нема да биде како во изминатите четири години што некои кажуваа за проекти, туку ќе биде нешто сосема поразлично.Претходно како домаќин на прославата на роденденот зборуваше и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Пеце Милевски:


-Обрзувачко добредојде до сите, а ветувам дека ВМРО-ДПМНЕ во Битола е подготвено да влезе во тешкиот предизвик наречен локални избори, заедно со силно партнерство со битолчани, ангажирајќи ги своите целосно сите интелектуални и искуствени капацитети, се што ни става на располагање во демократската борба, да победи сегашната власт, која четири години го уназадува градот, кој нагласи дека растењето на партијата е и негов раст во изминатите дваесет години.Пред тоа се имитуваше кратот документарен филм со кој битолчани се потсетија за првиот состанок на ОК, за сите претседатели на ОК од Битола, за сите пратеници во македонскиот парламент, за градоначалниците од редовите на партијата, за сите високи партиски функционери.


извор: bitolanews.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838