МИЛЕВСКИ: Патриотизам во 21 век е чесна работа за народот и државата, јас поинаку и не знам


„За мене Битола претставува посебен предизвик и очекувам после локалните избори Битола да го добие препознатливиот сјај кој што го заслужува“ вака рече вечерва во Битола претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој присуствуваше на прославата за 31 година од основањето на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Битола.


„Да си посакаме успешна година и да се ослободиме од неспособноста, криминалот и корупцијата овде во Битола и да биде Битола за сите луѓе, а не само за неколкумина поединци, криминалци, луѓе кои што во изминатите четири години безмилосно ја пљачкаат Битола, изобилуваат со безидејност, неспособност и луѓе кои што ја вратија Битола во средниот век, а Битола тоа не го заслужува“ рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека се уште немаат одлучено кој ќе биде кандидат на партијата за градоначалник на Битола, бидејќи се уште траеле анкетите и мерењата и дека се уште трае иницијативата за собирање на проекти со кои ќе излезат пред битолчани и замоли за уште малку трпение и разбирање.


„Очекувам во втората половина од месец август да можеме да зборуваме за поконкретни имиња и за проектите со кои што ќе илеземе овде пред битолчани, но сигурно нема да биде тоа што се случуваше во изминатите четири години, туку ќе биде нешто сосема поразлично“ рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ.


И додаде дека кој и да биде кандидатот на СДСМ за Битола тој немало што да понуди и дека од соопштените 30 имиња за кандидати се работи за стари имиња, нема нешто ново.

„Тие заборавија на старите ветувања, а веќе гледаме нови ветувања дават и навистина жалам што владеачкото мнозинство изминате четири години, па и локално, не успеа да привлече, да магнетизира, нови свежи луѓе, со нови свежи идеи, туку се потпираат на старите корумпирани градоначалници и очекувам една голема победа на ВМРО ДПМНЕ на следните локални избори. За разлика од нив ние излегуваме со комплетно нова структура на кандидати за градоначалници, повеќе од 95 проценти од имињата ќе бидат луѓе кои што за прв пат ќе ја бараат довербата на граѓаните“ рече Мицкоски.

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Битола Пеце Милевски им се заблагодари и на оние кои го основаа пред 31 година ВМРО ДПМНЕ во Битола, на неговите претходници – досегашни претседатели на општинскиот комитет, сите претседстели на УМС, претседателки на Унијата на жени, Унијата на ветерани, претходни градоначалници, поранешни и актуелни советници и пратеници.


„Обврзувачки, свечено – таква е приликава – ветувам претседателе Мицкоски, ВМРО ДПМНЕ во Битола е подготвено да влезе во тешкиот предизвик наречен локални избори. ВМРО ДПМНЕ во Битола, подготвено е заедно во силно и нескршливио партнерство со битолчани, ангажирајќи ги своите целосни интелектуални и искуствени капацитети и се што ни става на располагање демократска борба да ја победи оваа неспособна власт, која што четири години го уназади градот, а зад себе остава само пустош, раскопани улици и илјадници нерешени проблеми со кои се соочуваат граѓаните“ рече Милевски.


Милевски рече ВМРО ДПМНЕ е единствената сила која ќе ја обнови Битола и ќе им ја врати надежта на битолчани.


„Со конкретни проекти, со рокови за нивна реализација, со програма која ја работиме заедно, во сојузништво со битолчани, секојдневно забележувајќи ги нивните проблеми и барајќи сериозни решенија. 31 година се време време за почит и анализа, безбројни активности реализирани од Вас, мои почитувани сопартијци, заедно – во сите овие години на победи и падови. На крајот, пред да завршам, ќе Ве цитирам претседателе -“ патриотизам во 21 век е чесна работа за народот и државата”, јас поинаку и не знам. Нека ни е среќен роденденот, а победата нека е победа за сите битолчани“ рече Милевски.


Извор: Тера

29060043_2016680208590936_36926234558838