ФОТО I Ова се наркобосовите од Грчец: МВР ги бара со меѓународна потерница


Седат Бајрами, Бесир Љатифи и Егзон Зендели, Сенат Љатифи, Иљаз Муареми и Исмаил Рогачи се наркобосовите од Грчец, кои се во бегство, а по кои се трага МВР. Петмина од избеганите се од Грчец, а еден од нив е од Гази Баба. По сите се трага поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Во минатонеделната акција „Планина“ беше уапсено 21 лице, за кои обвинителката Вилма Русковска нагласи дека се дилери на дрогата, а наркобосовите избегаа.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838