Две млади родилки починаа од Ковид-19, едно бебе е во критична состојба


Две родилки починаа во болница во последното деноноќие како последица на ковид-19, дознава Плусинфо. Според информациите на Плусинфо, двете биле второротки и биле во мошне тешка состојба. Едната имала 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба. Повеќе информации се очекуваат од здравствените институции во текот на денот.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum