ПАДНАА МАСКИТЕ: За петтиот пакет нема пари во буџетот

Пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, зборувајќи за денешните настани во Собранието, кога наместо да дозволи гласање за долгоочекуваниот и многу потребен пакет мерки за финансиска помош на граѓаните и стопанството, претседателот на Собранието Џафери предизвика сцена со викање, удирање по масата и заканување, изјави дека ова сценарио веројатно има за цел да го одложи гласањето бидејќи буџетот е празен и власта не може да го реализира петтот пакет.


Очигледно некој сака да направи некоја слика во државата или пак буџетот им е празен и немаат доволно средства за да ги исплатат парите коишто се во тој петиот пакет мерки за граѓаните и компаниите“, коментираше Мицевски.


„Рековме дека ова мнозинство со 52 пратеници е тенко, рековме дека е нефункционално такво собрание, не убедуваа дека ќе можат да функционираат. Ете на очиглед на македонската јавност, гледаме дека не функционира“, заврши Мицевски.


Изјавата на пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола МИцевски, мжете да ја проследите ТУКА



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838