Штипјанецот Александар е ангел кој шета по земјата: Девојчето кое немаше кај да спие и си легнуваше


За Александар Горгиевски од Штип само едно големо „браво“. Вака ќе го започнеме овој текст. Овој млад човек повторно на дело, а не само на тестатура, како многу други, ја покажа својата хуманост.


Хуманитарецот Александар откако ќе ја заврши акцијата во Ерџелија, негов следен подвиг беше градење дом за баба Мирјана и малата Мишела од Куманово, девојчето кое живее со својата баба без покрив над главата, девојчето кое си легнуваше гладно, но не и кажуваше на својата баба за да не ја нервира…


Откако медиумите ја објавија веста за ова малечко девојче, многумина само стискаа лајкови и споделуваа, но само Александар од Штип со неговите вредни мајстори од Штип и Куманово ја започнаа својата нова мисија, а тоа беше пристоен дом и храна за малечката Мишела.


Со тешка механизација ја срушија старата куќа, а на нејзиното место се фрлија темелите за новата куќа, токму на нејзиниот роденден. Благодарение на овој ангел Мишела го доби најубавиот поклон, кров над главата, а сите заеднички го прославија со парче торта. Мишела доби и подароци се разбира.


Колку убаво е чувството да помагаш и да не очекуваш ништо за возврат нели?


Во продолжение погледнете како се одвиваа градежните зафати…


извор: шило магазин

29060043_2016680208590936_36926234558838