На сите луѓе им треба хуман третман, не да ги боцкаме како стока во приколка


Повозрасна жена качена на дрвена приколка на трактор ја вакцинираат две медицински сестри – ова е слободен опис на фотографијата која предизвика многу реакции во јавноста. Ја сподели министерот за здравство Венко Филипче вчера, објавувајќи повеќе фотографии од почнатата теренска вакцинација. Фотографијата која требаше да сигнализира колку добро се одвива процесот сепак предизвика лавина негативни коментари.


Може ли да дадете објаснување зошто жената ја вакцинирате позади во тракторот? Зошто немате тим за асистенција на стари и изнемоштени лица? Дали сметате дека само затоа што некој е стар и живее во порурална средина не треба достоинствено да се третира? Најстрашно е што Вие и Вашиот ‘паметен’ тим во ова не гледате ништо лошо и срамно, напротив сте ја ставиле и прва фотографијата, пишува во коментар на фотографијата.


Се редат и други

Засрамете се...

Ова не е достоинствено...


29060043_2016680208590936_36926234558838