Песни и ора пред домот на Атиџе: Хероината од „Медена земја“ ја развеселија македонски велосипедисти


Од првиот момент кога се појави во филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова е постојано во центарот на вниманието повеќе од една година.


Покрај тоа што се собираат донации за да се поправи нејзината куќа во Бекирлија, неа ја посетуваат и многу луѓе, а таа како добра домаќинка никого не вратила од својот дом.

Изминатиот викенд во организација на спортското друштво „Велес бајкинг“ се одржа „Степска тура – Медена земја“, која низ ридските предели на Лозово, води до родното Бекирлија на главната протагонистка Муратова.


Иако имала домашни обврски, таа ја отворила широко вратата на нејзиниот дом, а во дворот на Атиџе се случувала вистинска веселба – со музика во живо, песни и ора.

Со весел лик и распеана душа, Атиџе неполн час се дружела со велосипедистите и по којзнае којпат ја искажа својата љубов кон музиката со пеење на македонски традиционални песни.



извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838