ФОТО I Уште еден член на СДСМ фaтeн со дpoгa


Не поминува ден без член на владеачката СДСМ да биде фатен во некаков криминал. Партијата се претвори во вистинско криминално дувло на нарко дилери, фалсификатори и така натаму.


Вчера полицијата приведе две лица пред наплатната рампа Сопот, затоа што при извршен преглед бил пронајден кокаин. Лицата беа приведени во полициска станиц, а Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од А.А. 31 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промeт наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.


На осомничениот, имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што тој подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, на предлог на јавниот обвинител му беше изречена мерка притвор во траење од 30 дена.


А.А. е лице кое редовно се појавува на партиските настани на владеачката СДСМ и по партиски штабови во друштво на исто така членови на СДСМ.

А.А не е единствениот член на СДСМ вмешан во криминални активности. Пред неколку дена беше уапсен командирот на прилепската полициска станица во акција во која беше пронајдена дрога во вредност од над 800 000 евра a беа уапсени повеќе лица, а која беше извршена во соработка со американската агенција за сузбивање трговија со наркотици, ДЕА.


И командирот ан ОВР Прилеп, Кире Спиркоски е голем поддржувач на СДСМ, а по бројните фотографии на социјалнте мрежи можеме да заклучиме дека е близок и со претседателот на партијата и премиер на Република Македонија, Зоран Заев.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838